0
+
Претплатници на CYDVISE
0
+ милијарди
Проценет број на сајбер напади во 2025
0
+ трилиони $
CYDVISE – Вашиот персонален советник за сајбер безбедност е иновативна платформа развиена од ИНФОРСЕК КОНСАЛТИНГ (www.inforsecconsulting.com). Нудиме практични, навремени и персонализирани совети за сајбер безбедност за обични луѓе. CYDVISE е наменет за сите вас кои сакате да дознаете повеќе и да направите повеќе за ваша лична заштита од модерните сајбер закани на уредите што ги користите секојдневно. CYDVISE е поддржан со кофинансиран грант од Фондот за иновации и технолошки развој (www.fitr.mk)/Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА (www.inova.gov.mk).
Дознајте како да ја заштитите Вашата приватност и да ја подобрите Вашата безбедност
Нагодете ги Вашите уреди за подобра заштита од вируси и злонамерен софтвер
Подобрете ја безбедност на вашите Android уреди и заштитете ги вашите лични податоци
Бидете информирани за заканите и најдобрите практики при користење на iOS и macOS уреди
Намалете ги безбедносните ризици за Вашите мрежно поврзани уреди со MS Windows
Практични совети за управување со Вашите кориснички сметки и лозинки, на работа и дома
Подобрете ја Вашата безбедност додека користите јавни Wi-Fi мрежи
Препораки за намалување на ризиците при користење социјални мрежи
CYDVISE – Вашиот персонален советник за сајбер безбедност е иновативна платформа која нуди практични, навремени и персонализирани совети за сајбер безбедност за обични луѓе. CYDVISE е наменет за сите вас кои сакате да дознаете повеќе и да направите повеќе за ваша лична заштита од модерните сајбер закани на уредите што ги користите секојдневно.
Цврсто веруваме дека Ви треба. Во светот на глобална поврзаност, никој не е имун на сајбер-закани и прашањето не е ДАЛИ тоа ќе се случи, туку КОГА ќе се случи, односно кога ќе станете жртва на сајбер-напад и, следствено, КОЈА ќе биде штетата од него. Иако не може да постои целосна заштита, CYDVISE може да Ви помогне да бидете посвесни за ризиците и да преземете барем основни чекори за Ваша заштита.
Не баш. Можете да не правите ништо и да продолжите да ги користите Вашите уреди, игнорирајќи ги зголемените сајбер безбедносни ризици; или можете сами да се едуцирате како да ги нагодите Вашите уреди за побезбедна употреба; или можете да платите професионалец за сајбер безбедност за да ја заврши работата… Но, можете и да се претплатите на CYDVISE и да почнете да добивате навремени и персонализирани информации и практични совети (бесплатно или за многу ниска претплата).
Можете да го изберете нашиот бесплатен пакет FREE CYDVISE или еден од нашите пакети со претплата (BASIC CYDVISE – INDIVIDUAL, BASIC CYDVISE – FAMILY и PREMIUM CYDVISE). Ве молиме посетете ја нашата ПРОДАВНИЦА за повеќе детали.
Откако ќе се регистрирате на CYDVISE и ќе го изберете пакетот кој најмногу Ви одговара, ќе добиете пристап до соодветниот почетен пакет со совети, препораки и информации, персонализирани за Вас, Вашите уреди и според Вашите избрани опции. Потоа ќе бидат достапни редовни месечни ажурирања на содржините.
Вашата претплата за CYDVISE е наменета само за Ваша лична употреба. Можете да ја откажете Вашата претплата за CYDVISE. Ве молиме прочитајте ги нашите „Услови за користење“ и „Политика за враќање“ за повеќе детали.
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.